Лампард се откажува од Норвич

Легендата на Челзи, Френк Лампард се повлекува од битката за нов тренер на премиерлигашот Норвич, пренесуваат медиумите во Англија. 

Во последниот разговор со управата на клубот, Лампард изјавил дека не сака да ја преземе тренерската функција и ги одбива сите шпекулации дека имало договор со него.

По оставката на Лампард, најверојатно е дека тренерската позиција во Норвич ќе му припадне на Дин Смит, кој пред една недела беше отпуштен од Астон Вила.