Ландо Норис казнет со десет позиции во Белгија

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе ја започне трката во Белгија десет позиции пониско од освоената позиција во квалификациите.

Формула 1 викендов е на патеката Спа Франкошамп, каде што возачите ќе се борат за победа на Големата награда на Белгија.

Како што беше официјално објавено, Мекларен доби казна од губење на 10 позиции за актуелниот шампион Ландо Норис затоа што ја замениле електронската контролна единица (ECU) по четврти пат во сезоната.

Правилата на Ф1 дозволуваат три промени на овој дел без санкција и со оглед на тоа што веќе имале такви проблеми, ја прифатиле казната од 10 позиции.

Шампионите во конкуренција на конструктори ја потврдија оваа информација и објаснија дека сега можат да ги користат подобрувањата на софтверот што Мерцедес одамна ги развива за таа конкретна компонента.