Лапорта: Должен сум кон Меси, сакам да ја заврши кариерата во Барса

Лионел Меси немаше разделба со Барселона каква што се очекуваше, поради финансиската ситуација тој изненадувачк и неочекувано мораше да си замине. Во Барселона сепак сонуваат за негово враќање, а таква желба има и претседателот Жоан Лапорта.

„Се чувствувам должен кон Меси. Сакам да ја заврши кариерата во Барселона и со стоечки овации да го одигра последниот натпревар. Верувам дека може тоа да се случи“, изјави Лапорта.

Сепак, јасно е дека ако се случи такво нешто тоа ќе биде по истекот на неговиот договор со ПСЖ, ова лето тоа е невозможно.