Лапорта изнајде начин да го регистрира Дани Олмо

Барселона го реши горливиот проблем и ги обезбеди средствата за регистрација на својот фудбалер Дани Олмо, три дена пред шпанскиот репрезентативец да стане слободен играч.

Претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта успеа да ги собере потребните средства за да ги почитува правилата за финансиски фер-плеј и Олмо ќе биде регистриран до крајот на календарската година.ѓ

Парите Лапорта ги собра со изнајмување на ВИП-кутиите на стадионот „Камп Ноу“, со што клубот заработи 100.000.000 евра. Засега не е познато за кој период биле изнајмени ложата, но каталонски „Спорт“ неодамна проговори за временска рамка од 20 години.

Според ексклузивни сознанија на „Марка“, првиот човек на Барселона ја договорил зделката со неколку арапски компании и сега само чекаме парите и официјално да бидат префрлени на сметката на клубот.