Лапорта: Наши цели се Силва и Кунде, а не Роналдо

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо, по се изгледа, сака по секоја цена да го напушти Манчестер Јунајтед и веќе бара нов тим. Неговиот агент Жорге Мендеш синоќа се сретнал со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и најверојатно разговарале за можноста за некои трансфери, меѓу кои се шпекулира дека е разговарано и за можноста Роналдо да заигра во дресот на Каталонците.

„АС“ тврди дека, меѓу другото, се разговарало и за ситуацијата на Кристијано Роналдо. Сепак, она што било примарно на состанокот се верува дека се потписите на Жил Кунде и на Бернардо Силва.

Дел од англиските медиуми шпекулираат дека Роналдо на крајот на летниот трансфер период ќе заврши во Челзи.