Лапорта најави засилувања за Барса на крајот од преодниот рок

Барселона не беше премногу активна во овој летен преоден рок во кој како слободни фудбалери ги ангажираше Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез, a за мала сума на пари беше доведен и икусниот Ориол Ромеу како замена за Серхио Бускетс.

Шпанскиот шампион постојано го поврзуваат со многу имиња, ама повеќе од јасно е дека финансиската состојба е далеку од идеална и затоа е мирно на „Камп Ноу“.

Меѓутоа претседателот на клубот, Жоан Лапорта најави офанзива во последната недела од преодниот рок, поточно порача дека Чави Ернандес може да добие две засилувања во наредниве денови.

„Ќе имаме простор со финансискиот фер плеј да потпишеме повеќе од еден играч. Треба да го прашате Деко, тој работи на новите засилување“, заклучи првиот човек на шпанскиот великан.

Едно од засилувањата сигурно ќе биде Жоао Кансело од Манчестер Сити, а за второто име (ако го има) останува да видиме кое ќе биде.