Лапорта најави 3 нови засилувања за Барселона во оваа зима
Шпанскиот весник Марка објави дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, на средбата со фановите на Барса во Галиција најавил дека во зимскиот период каталонскиот тим ќе доведе 3 нови засилувања.
Приоритет на Барселона ќе биде нов централен напаѓач поради здравствените проблеми на Серхио Агуеро, кој ќе отсуствува од терените најмалку три месеци поради откриена срцева аритмија. Реализацијата на трансферите ќе започне многу наскоро, најавил претседателот на клубот.
Жоан Лапорта ветил дека сите активности за доведување нови играчи ќе бидат координирани со новиот тренер на клубот, Чави Ернандез.