Лапорта најде уникатен начин да дојде до пари
Делегацијата на Барселона составена од претседателот, Жоан Лапорта, спортскиот директор за женски фудбал, Чави Пруиг и спортскиот директор на младинските селекции, Жоан Солер ја искористиле посетата во Доха да отворат преговори околу отстапувањето на своето име.
Бројни состаноци со спонзори и катарски бизнисмени резултирале со предлог за отстапување на името на Барселона во катарската лига, како што пренесува новинарката Лаја Тудел во радио емисијата „Тот Коста“.
Конкретно се сретнале претседателот на одборот директори „Балади холдинг“, Мохамед бин Ахмед Ал Атијах кој претходно доаѓаше во просториите на Барселона на „Камп Ноу“ како важен гостин.
Барселона би го отстапила своето име за 100 милиони евра годишно и би се основал нов тим под тој назив. Каталонскиот клуб така ќе добие дополнителен прилив на пари кој ќе им овозможи подобра позиција пред финансискот фер-плеј и трката на пазарот.
„Мундо Депортиво“ додава дека се уште се работи само за предлог и дека е потребно уште многу работа за се да биде спроведено.