Лапорта објави рекорден долг на Барселона

Првиот човек на фудбалскиот состав Барселона, Хуан Лапорта, посочи дека долгот на Каталонците е 1,35 милијарди евра и дека ситуацијата е критична.
„Кога пристигнавме во клубот побаравме заем од 80 милиони евра за да го покриеме платниот список. Инвестиравме и 1,8 милиони евра во стадионот“, рече Лапорта.
Барселона за плати троши од 20 до 25 проценти повеќе од другите клубови и затоа е во континуитет во долгови.