Лапорта – Очекував Меси да игра бесплатно за нас

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изнесе нови детали во врска со трансферот на Лионел Меси во ПСЖ.

Како што истакнува во интервју за каталонското радио „РАЦ1“, Лапорта очекувал дека Меси ќе остане во Барселона  и ќе игра без надомест.

“Не сум лут на Меси. Знам дека имаше огромна желба да остане во Барса, но и голем притисок поради понудата што ја имаше од ПСЖ. 

Сите знаевме дека Меси има многу висока понуда, но до последен момент се надевав дека ќе остане во Барса да игра бесплатно. Јас тоа го посакував и бев убеден дека е можно. Мислам дека ниту Ла Лига немаше да направи проблем. Но не можевме да го побараме тоа од играч на тоа ниво и со таков статус во светскиот фудбал “, рече Лапорт.