Лапорта: Реновираниот „Камп Ноу“ ќе биде најдобриот стадион во светот
Претседателот на фудбалскиот гигант Барселона, Жоан Лапорта официјално го објави договорот за реновирање на „Камп Ноу“.
Лапорта изврши детално претставување на проектот, зборувајќи за тоа како ќе се одвива работата на него, како ќе се финансира, кога и колку време тимот ќе игра на Олимпискиот стадион Монжуик.
„Во јуни ќе започнеме со реновирање на стадионот. Можеме да кажеме дека ова ќе биде најголемиот, најиновативниот и најатрактивен спортски центар лоциран во еден град“, изјави Лапорта.
Во сезоната 2024/25 капацитетот на Камп Ноу ќе биде приближно 50%, а во сезоната 2025/26 работата околу комплетното реновирање ќе биде завршена.