Лапорт во јануари доаѓа во Реал Мадрид?
Ајмерик Лапорт минатото лето го напушти Манчестер Сити и одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија и потпиша за Ал Наср.
Тоа беше изненадувачка одлука на шпанскиот дефанзивец, кој сега ја признава грешката и сака да се врати во Европа.
Со настапите на Европското првенство покажа дека се уште игра на врвно ниво, па интерес за него покажува Реал Мадрид.
Лапорт не е задоволен од животот во Саудиска Арабија и сака да се врати во Европа, а Реал сака да ја искористи таквата ситуација бидејќи е во потрага по дефанзивец.
„Кралевите“ ќе се обидат да го доведат во јануари, но Лапорт ќе мора да прифати намалување на актуелната плата.