Лапорт е најновата желба на Барселона

Барселона е силно заинтересирана за дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пренесуваат шпанските медиуми.

27-годишниот Лапорт го загуби стартното место во тимот на Гвардиола и е спремен ова лето да ја промени средината. „Граѓаните“ се спремни да го пуштат, а за неговата слобода бараат сума од 60 милиони евра.

Барселона наскоро ќе ги започне преговорите со Сити и веќе стапила во контакт со агентот на шпанскиот репрезентативец.

Манчестер Сити како негова замена сака да го донесе Серхио Рамос на кого му завршува договорот со Реал Мадрид.