Лапорт по само една сезона се враќа во Премиер лигата
Ајмерик Лапорт минатото лето го напушти Манчестер Сити и одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија и потпиша за Ал Наср.
Тоа беше изненадувачка одлука на шпанскиот дефанзивец со оглед на фактот што интерес за него покажуваа многу европски клубови. Меѓутоа, Лапорт не е задоволен од животот во Саудиска Арабија и сака да се врати во Европа.
Неколку клубови од Премиер лигата покажуваат сериозен интерес за Лапорт и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.