Ларкин од Анадолу Ефес е играч на годината во кошаркарска Европа

Веќе 17-та година по ред, една од најугледните кошаркарски медиуми на стариот континент, „Евробаскет“ го направи својот избор на најдобрите во кошарката за тековната година.
Така е и пред крајот на оваа календарска 2020 година, во која „Евробаскет“ го направи изборот. Го подели на два дела-категории „европски“ (играчи кои моментално настапуваат во Европа), и „сеевропски“, во кој се вклучени и европските претставници, играчи надвор од границите на европскиот континент, кои во најголем дел, играат во најсилната лига на светот – НБА.
Ласкавото признание за играч на годината според „Евробаскет“, го доби бекот на турскиот Анадолу Ефес, Шејн Ларкин.
Играч кој имаше неверојатна сезона зад себе која за жал не ја круниса со титула во Евролигата која поради коронавирусот беше прекината пред онаа финална фаза во која тимот од Истанбул влезе како еден од топ-фаворитите за евролигашкиот трофеј. Имаше просек од 22,2 поени, 4,1 асистенции и 3,8 скокови на 25 натпревари во Евролигата.