Лаутаро Мартинез е МВП на сезоната во Серија А
Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира во изборот на најдобрите фудбалери во првенството.
Симоне Инзаги беше избран за тренер на сезоната, Бастони за најдобар дефанзивец, Чалханоглу за најдобар играч за врска, додека МВП-наградата му припадна на Лаутаро Мартинез.
Посебно е интересно што Мартинез не ја доби наградата за најдобар напаѓач која заврши во рацете на Душан Влаховиќ, а беше избран за играч на сезоната.