Лаутаро Мартинез: Интер играше многу подобро од Реал

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинес, жали што неговиот тим не успеал да извлече барем бод од гостувањето кај Реал Мадрид, иако според него „нераѕурите“ одиграле подобар натпревар.
„Игравме многу подобро од Реал, но две грешки нè чинеа прескапо. Не заслуживме да загубиме“, изјави Лаутаро по поразот од 2:1. Интер во првото полувреме имаше дури 70 отсто посед и 12 удари кон голот, но на паузата губеше со 0:2. Реал ги казни грешките на Јан Бисек и голманот Жозеп Мартинез, додека Тибо Куртуа со неколку одлични интервенции го одржа домашниот тим во предност.