Лацио бара 70 милиони евра за Милинковиќ Савиќ

Италијанските и шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид е заинтересиран за доведување на Сергеј Милинковиќ Савиќ. Савиќ игра одлична сезона во италијанското првенство и веќе од поодамна е мета на „кралевите“. Во Савиќ Реал гледа замена за Лука Модриќ кој исто така игра добро, но наскоро ќе наполни 36 години. Според информациите, Реал на Лацио ќе мора да му плати 70 милиони евра. Савиќ сезонава постигна седум гола и додаде девет асистенции. Покрај Реал, интерес за Савиќ покажаа ПСЖ и Манчестер Јунајтед.