Лацио го освои Неапол, Исаксен јунак по дождот под Везув
Фудбалерите на Лацио остварија голема победа против Наполи, лидерот до ова коло, во дербито од 15. коло во Серија А.
Натпреварот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол заврши со резултат 0-1 (0-0).
Стрелец на единствениот гол беше данскиот интернационалец Густав Исаксен во 79. минута. Го мина Тијани Нослин и потоа со брилијантен удар го совлата Алекс Мерет.
Истите ривали се сретнаа само три дена претходно во Купот на Италија, а славеше тимот на Марко Барони, поранешен играч на Наполи. Потоа победија со 3:1 пред своите гледачи на Олимпискиот стадион.
Условите за игра беа исклучително тешки. Дожд и невреме против фудбалот. Немаше многу можности, но можеше да има повеќе голови во мрежите на двете екипи.
Гостите ја погодија гредата во 53. минута преку Фисај Деле-Баширу, Наполитанците ја погодија стативата по корнер во 72. минута преку Франко Ангуиса.
По оваа победа Лацио заостанува само бод зад Наполи, кој во петокот го загуби првото место на табелата од Аталанта, која во уште едно дерби од 15. коло го победи Милан (2-1). Тимот од Бергамо е прв со 34 бода, Наполи е втор со 32, додека Лацио има 31 како и актуелниот шампион Интер и Фиорентина. Овие два тима имаат и натпревар помалку од конкурентите.
Во следното коло Лацио игра против Интер во Рим, додека тимот на Антонио Конте гостува кај Удинезе.