Лацио го продава Сергеј Милинковиќ-Савиќ
Италијанските медиуми пренесуваат дека е можна разделба на Лацио со српскиот играч од средината на теренот, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Тренерот на екипата, Маурицио Сари, не бил задоволен од односот и залагањето на фудбалерот за време на натпреварите и изјавил дека Сергеј делува арогантно.
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, во минатото веќе одби неколку понуди за Србинот, за кои некои клубови нудеа и до 140 милиони евра. Сега останува да се види дали клубот е спремен да го продаде Милинковиќ-Савиќ во јануари и колку би изнесувал евентуалниот трансфер.