Лацио заврши со деветмина, но со три бода се враќа од Парма

Во натпревар со многу борба фудбалерите на Лацио денеска дојдоа до три бода на гостувањето кај Парма, славејќи со тесни 0-1.
Римјаните покажаа карактер и до триумфот дојдоа со двајца фудбалери помалку. Во самиот финиш на првото полувреме црвен картон доби Закањи, а во 78. минута и Бешиќ беше испратен во соблекувалната.
Но и во таква ситуација Лацио во 82. минута успеа да го скрши отпорот на домаќините. Нослин ја затресе мрежата и така донесе победа за својот тим.