Леао нема да игра до новогодишните празници
Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао речиси сигурно ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд поради повреда, објавија италијанските медиуми.
Португалецот се опоравува од повредата на десната бутина здобиена на натпреварот против Лече. Тој нема да може да се опорави навреме и за првенствениот натпревар против Фиорентина
Леао оваа сезона постигна четири гола на 16 настапи во сите натпреварувања а имаше и четири асистенции.