Леао сака најголема плата во Серија А за да остане во Милан
Челзи во летниот преоден рок понуди 100 милиони евра за Рафаел Леао, но Милан не сакаше да слушне за продажба на својата ѕвезда. Леао минатата сезона блесна и беше избран за најдобар фудбалер во Серија А, па неговата цена драстично порасна.
Меѓутоа, Милан ова лето ги одби сите понуди и започна преговори за продолжување на договорот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека неговиот агент Жорге Мендеш ја одбил првата понуда на „росонерите“ која изнесувала 4,5 милиони евра по сезона.
Леао бара да биде меѓу најплатените фудбалери во Серија А и нема да прифати понуда помала од 7,5 милиони евра по сезона.