Леброн е на само чекор од уште еден неверојатен подвиг
Со победата од 137:121 против Минесота, Лос Анџелес Лејкерс стигнаа до третата победа во низа во натпреварите од НБА лигата и имаат скор од 27-13, со кој се зацврстија на третата позиција во Западната конференција. До победата ги предводеше Леброн Џејмс, кој забележа 25 поени и по 12 скокови и асистенции.
Тоа за него беше петти трипл-дабл сезонава, 99. во кариерата.
Само четворица играчи во историјата на најсилната кошаркарска лига оствариле 100 или повеќе натпревари со двоцифрен број во трите статистички категории. Сите ги предводи Оскар Робертсон (181), пред Расел Вестбрук (157), Меџик Џонсон (138) и Џејсон Кид (107).
Џејмс, кој сезонава има просек од 25,5 поени, 8,1 скокови и 8 асистенции по натпревар, трипл- дабл запиша и на натпреварот кој претходно го одигра неговиот тим против Минесота.
Следниот натпревар на Лејкерси е против Шарлот Хорнетс.