Леброн потпиша нов договор, ќе добие 97 милиони за две годин

Американскиот кошаркар Леброн Џејмс го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс на уште две години и за тој период ќе заработи 97 милиони долари.

Тоа значи дека тој ќе остане „езерџија“ до сезоната 2024/25.

Како што пренесува новинарот Адријан Војнаровски, висината на платата може да се зголеми на 111 милиони, доколку се зголеми НБА салари капот во 2023 година.

Џејмс пристигна во Лејкерси во 2018 година, имаше проблеми со повреди во првата сезона, а потоа тимот размени млади играчи за Ентони Дејвис, со кого Леброн на Лос Анџелес му го донесе 17-от шампионат во НБА во 2020 година.