Леброн собори историски олимписки рекорд
Кошаркарот на американската репрезентација и ЛА Лејкерс Леброн Џејмс, влезе во историјата на олимписките игри како најстар американски кошаркар кој играл на Олимписките Игри.
Кошаркарот на 39 години беше дел од селекцијата на САД на мечот против Србија.
Претходно овој рекорд го држеше Лери Бирд кој во 1992 година на Олимписките Игри во Барселона играше на 35-годишна возраст.
Ова се четврти олимписки игри за Џејмс и има бронза во 2004 година како и златен медал во 2008 и 2012 година.