Леброн ќе потпише нов договор со Лејкерси

Леброн Џејмс и во наредните три сезони ќе го носи дресот на Лејкерс.Постоеа шпекулации дека Леброн може да ја промени средината, но според последните информации тој ќе ја продолжи соработката за договор вреден 162 милиони долари.

Во првата година од договорот 39-годишниот кошаркар ќе добие 50 милиони долари, во втората 54, додека во сезоната кога ќе има 41 година ќе добие уште четири повеќе, односно 58.

Дресот на Лејкерс, Леброн го носи веќе шест сезони откако во 2018 година од Кливленд се пресели тимот од Лос Анџелес. Претходно беше дел и од Мајами.