Леброн Џејмс се согласи на нов договор со Лејкерс
Играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, се согласил да потпише нов договор со клубот.
Според информациите еден од најдобрите играчи во НБА лигата, ќе потпише двегодишен договор вреден 97,1 милиони долари, со опција за продолжување на уште една сезона.
Со продолжувањето на договорот изгледни се шансите дека Леброн својата богата НБА кариера ќе ја заврши во својот актуелен клуб.