Леброн Џејмс со крвнички старт, избегнат сериозен инцидент
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс го совлада тимот на Детроит Пистонс со 121:116 и ја прекина серијата од три порази по ред во НБА лигата. На натпреварот за малку беше избегнат голем инцидент откако во третата четвртина најдобриот играч на Лејкерс, Леброн Џејмс, при еден скок под обрачот, со лакт го раскрвави лицето на противничкиот играч Ајзеа Стјуарт.
По фаулот на Џејмс, Стјуарт се обиде физички да се пресмета со него но беше спречен од голем број соиграчи и обезбедувањето на паркетот. По ова двајцата играчи заработија исклучување од натпреварот.