Леброн Џејмс финансиски го помогна Ливерпул
Американската компанија –„Fenway Sports Group“ , која е сопственик на Ливерпул, продаде 10% од акциите на приватната инвестициска компанија –„ RedBird Capital Partners“. Договорот е вреден 638 милиони евра и ќе им олесни на „црвените“ да се справат со ефектите од пандемијата. Тоа значи дека кошаркарската мега-ѕвезда, Леброн Џејмс, кој е малцински акционер во Ливерпул од 2011 година, ќе има поголем капитал. Леброн и неговите деловни партнери Маверик Картер и Пол Вотер ќе бидат дел од заедничкото управување на „FSC“ и „RedBird Capital Partners“. Ливерпул поради пандемијата претрпе загуби од 141 милиони евра во текот на изминатата година.