Левандовски би ја намалил платата за нов договор во Барса

Откако Ханси Флик седна на клупата на Барса, Роберт Левандовски се разгоропади. Полскиот напаѓач оваа сезона речиси на секој меч ја покажува сета своја класа, дава голови како од шега.

Инаку не е тајна дека тој е најплатениот фудбалер во Ла Лига, годишно зема 33 милиони евра бруто, а договорот му истекува во јуни 2026 година.

Левандовски знае за интересот на Барса за Ерлинг Халанд, па така по враќањето од Белград, каде каталонците ја декласираа Ц. Звезда во 4.коло во ЛШ, тој контактирал со Хоан Лапорта и буквално му рекол дека е спремен за преговори со Барса за нов договор и тоа за далеку помала плата, поточно ќе прифати било каква понуда од првиот човек на каталонска гордост.

Ова секако дека ќе наиде на воодушевување кај фановите на Барса.