Левандовски влезе во „клубот 100“ на ЛШ

Полскиот голгетер Роберт Левандовски учествуваше во фантастичниот триумф на Барселона против Антверпен, а во исто време го запиша своето име во историјата на европските натпреварувања.

Тој стана трет фудбалер во УЕФА куповите кој успеа да ја достигне бројката од 100 гола. До синоќа, во тоа друштво беа само Кристијано Роналдо со 145 и Лионел Меси со 132, а сега и Левандовски е на „котата 100“. Од нив, шест има за Лех, 18 за Борусија Дортмунд, 69 за Баерн и 7 за Барселона и сето тоа на само 139 натпревари.

Во исто време, Антверпен стана 33. европски клуб против кој Левандовски успеал да се запиша во листата на стрелците. Најмногу има Меси (40), потоа е Роналдо (38), па Бензема (34).