Левандовски: Во Минхен поминав осум посебни години
Полскиот фудбалер Роберт Левандовски се огласи за прв пат откако ги засили редовите на Барселона.
Искусниот голгетер во интервју за германскиот Скај Спортс изјави дека поминал осум прекрасни години во Баерн од Минхен.
„Ќе се вратам за да се збогувам со сите вработени во клубот како што доликува. Не заборавајте дека поминав посебни осум години во Минхен и дека ми беше прекрасно тука. Наскоро заминувам но после тренинг кампот со Барселона, ќе се вратам во Минхен за да се поздравам со сите. Со моите соиграчи од Баерн веќе се збогував на последниот одржан тренинг“, изјави Левандовски.
Полскиот напаѓач ќе им се придружи на неговите нови соиграчи од Барселона на подготовките во Мајами. Барса за неговите услуги на Баерн му исплати 45 милиони евра, а дополнители пет милиони ќе бидат платени низ бонуси.