Левандовски го израмни рекордот на Герд Милер
Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, го израмни рекордот на легендарниот Герд Милер по бројот на постигнати голови во Бундеслигата за една календарска година.
Репрезентативецот на Полска, постигна два гола во победата над Штутгарт со 5:0 и веќе ја достигна бројката од 42 погодоци во 2021 година, и се изедначи со легендарнииот Герд Милер кој вакво достигнување направи во 1972 година.
Левандовски може да го собори рекордот на последниот натпревар за оваа година кога Баерн игра против екипата Волфсбург.