Левандовски двоен стрелец, Барса пресилна за Џирона

Фудбалерите на Барселона во неделата ја забележаа 21-та победа сезонава, совладувајќи ја на домашен терен Џирона во 29-то коло од Ла Лига.

Барселона победи со 4-1 и сега има три бода повеќе од Реал Мадрид на првото место на табелата. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не бее во протоколот кај Џирона.

Барселона поведе во 43. минута со автоголот кој несмасно го постигна Крејчи.

Се играше 53. минута кога Данџума постигна гол за израмнување, но одговорот дојде брзо. Роберт Левандовски и донесе ново водство на Барселона во 61. минута.

Левандовски ја потврди победата на Барса со својот втор гол на натпреварот во 77. минута, овој пат на додавање на Френки де Јонг. Левандовски оваа сезона постигна 40 гола за Барса во сите натпреварувања.

Конечниот резултат го постави Феран Торес кој погоди од работ на шеснаесетникот.