Левандовски: Многу научив од Пеп Гвардиола во Баерн
Роберт Левандовски истакна дека многу напредувал под палката на Пеп Гвардиола. Полскиот напаѓач три сезони работеше со Гвардиола во Баерн Минхен, од 2013 до 2016 година и призна дека од тогаш на фудбалот гледа поинаку.
„Тој ме научи да гледам на фудбалот поинаку. Ми укажа на движењата и тактиките, како да ги користам. По работата со Гвардиола, размислувам поинаку во фудбалот, бидејќи играта ја гледам од поинаков агол. Разбирам кој греши, кој игра подобро, како да се биде чекор пред противникот. Разговаравме, тој често ми објаснуваше тактика. Еднаш ми рече: „Не можам да ти помогнам да станеш посилен како напаѓач, затоа што веќе си добар, но можам да му помогнам на тимот да ја внесе топката во казнениот простор, и таму веќе знаеш што да правиш“, открива Левандовски.