Левандовски: Најтешко играв против Рамос и Кјелини

За напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, најдобри дефанзивци со кои се соочил во кариерата се Џорџо Кјелини и Серхио Рамос.

„Ќе наведам само двајца играчи, Серхио Рамос и Џорџо Кјелини. Тие се доста цврсти и физички подготвени момци. Ги познаваат сите трикови при чувањето на противничките напаѓачи, но секогаш се коректни и со насмевка ги завршуваат нивните дуели. Да се игра против нив е навистина тешко но во исто време и забавно“, изјави Левандовски во коментар за „Тутоспорт“.