Левандовски: Немам ниедна причина да си заминам од Барселона

Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, но и ја истакна поврзаноста која ја чувствува со каталонскиот гигант.

Левандовски е најдобриот стрелец на Барселона од доаѓањето од Баерн Минхен. Сепак бидејќи е најплатен во тимот, а се ближи кон крајот на кариерата се шпекулираше дека може да го напушти „Камп Ноу“.

Пристигнаа до Левандовски богати понуди од Саудиска Арабија, се споменуваше и МЛС, но Полјакот засега има јасен став.

„Навистина не гледам зошто би заминал. Да се биде напаѓач во овој клуб ме прави многу горд и среќен. Играм за најдобриот клуб во светот и среќен сум што сум дел о него. Играњето тука ми дава енергија да работам уште понапорно, да правам специјални работи и да им носам радост на навивачите. Не ми е потребно ништо друго“, изјави Левандовски.