Левандовски не е повреден, ќе игра в недела во финалето на Суперкупот

Полскиот напаѓач на Барселона Роберт Левандовски не се повреди сериозно на полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп со Атлетик (2-0). Ова го објави шпанслиот „Спорт“.

Според изворот, и покрај тоа што 36-годишниот фудбалер го напуштил теренот со куцање, играчот се спасил од повреда и неговата состојба се оценува како „добра“. Исто така во информацијата се вели дека не е под знак прашање неговото појавување на теренот во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Да потсетиме, Левандовски беше во стартниот состав на мечот со Атлетик Билбао и беше заменет во 73. минута од играта. Оваа сезона Роберт Левандовски учествуваше на 26 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, на кои постигна 25 гола и две асистенции.

Финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп ќе се одигра на 12 јануари.