Левандовски по дванаесетти пат е фудбалер на годината во Полска

Роберт Левандовски по дванаесетти пат стана најдобар полски фудбалер. 36-годишниот напаѓач на Барселона беше прогласен за фудбалер број 1 во својата татковина за 2024 година.

Левандовски ја освои наградата за прв пат во 2011 година, а оттогаш само двапати други фудбалери беа победници во оваа анкета, која беше основана од неделникот „Пилка Нозна“ во 1973 година.

Во 2018 година, наградата ја прими голманот Лукаш Фабијански (Вест Хем), а во 2023 година – Пјотр Зиелински (тогаш играше за Наполи, сега во Интер).

За најдобра фудбалерка е избрана Ева Пајор, која игра и за Барселона.

Полскиот шампион Јагелонија ја доби статуетката за тим на годината.