Левандовски: Сега е најважно да бидеме подготвени за Франција

Капитенот на фудбалската репрезентација на Полска, Роберт Левандовски, изјави дека никој нема да се сеќава како неговата селекција го одигра натпреварот во кој беше поразена од Аргентина, и дека сега е најважно да бидат спремни за осминафиналето и дуелот со Франција.

„Ова не беше натпревар за напаѓач како мене, но јас знаев дека ќе биде така. За мене и за репрезентацијата на Полска овај пласман е успех. Никој нема да го памети начинот на кој го одигравме мечот со Аргентина. Важно е само да бидеме спремни за натпреварот против Франција“, изјави Левандовски.

Репрезентацијата на Полска се пласира во осминафиналето од СП во Катар и покрај поразот од Аргентина со 2:0, бидејќи на крајот имаа подобра гол разлика во однос на Мексико кој имаше ист број на бодови со Полска.