Левандовски: Со Флик играме далеку поофанзивен фудбал

Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски изјави дека токму германскиот стручњак Ханс Дитер Флик ја променил играта на каталонскиот тим.
„Почнавме да играме повеќе напред. Мојата работа е да постигнувам гол, да се обидувам да ја освојам топката и да го напаѓам просторот. Мислам дека играме добро како тим, а денес тоа го докажавме со пет гола“, рече Левандовски по натпреварот со Виљареал.
Левандовски оваа сезона учествуваше на седум натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна шест гола и две асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026 година. Пазарната вредност на фудбалерот во моментов е 15 милиони евра.