Левандовски со 100 настапи во Лигата на шампиони
Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, го запиша својот 100-ти настап во Лигата на шампиони. Својот јубилеј Левандовски го прослави на најдобар можен начин, постигнувајќи хет-трик за својот Баерн кој на „Алианц Арена“ ја совлада екипата на Бенфика со резултат 5:2.
Роберт Левандовски со постигнатиот хет-трик досега има вкупно 81 голови во Лигата на шампиони и се наоѓа на третото место на листата најдобри стрелци во ова натпреварување зад Кристијано Роналдо кој има 139 и Меси со постигнати 123 гола.