Левандовски јавно побара да заигра со Меси во дресот на Барселона

Роберт Левандовски би сакал Лионел Меси да се врати на „Камп Ноу“.
Се погласни се шпекулациите дека Меси на лето може да се врати во Барселона, а Левандовски се надева дека може да игра во тандем со Аргентинецот.
„Лео Меси и припаѓа на Барселона и сите го знаат тоа. Не знам што ќе се случи, но се надевам дека ќе играме заедно во тимот следната сезона. Би било неверојатно ако тој повторно заигра во Барселона и сите знаеме дека ова е единственото место за него“, изјави Левандовски.
Сепак, враќањето на Меси ќе биде тешка мисија за Барселона, бидејќи клубот има финансиски проблеми.