Леванте и Валенсија бараат одложување на натпреварите и овој викенд

Валенсија и Леванте побараа одложување на натпреварите од шпанската лига овој викенд по разорните поплави во регионот, објавија двата клуба.

Повеќе од 200 луѓе загинаа откако поројниот дожд минатата недела предизвика излевање на реките, создавајќи поплави кои ги зафатија предградијата јужно од градот Валенсија.

„Помина само една недела од временската катастрофа и ситуацијата и понатаму е многу сериозна“, се вели во соопштението на Валенсија.

Тимот треба да игра против Еспањол во Ла Лига во сабота, додека Леванте ќе биде домаќин на Тенерифе во недела во Сегунда дивизија. Минатата недела сите фудбалски натпревари во земјата почнаа со едноминутно молчење во спомен на загинатите во поплавите.