Леверкузен купува во Манчестер, позната и цената
Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Тимоти Фосу-Менса е на чекор од трансфер во германски Баер Леверкузен за обештетување од милион и пол фунти, пренесуваат англиските медиуми. Холандскиот фудбалер, кој може да покрива повеќе позиции во дефанзивната линија, неодамна одби да го продолжи договорот со клубот поради слабата минутажа кој ја добива сезонава. 23-годишниот фудбалер роден во Амстердам, пристигна како тинејџер во младинската категорија на Јунајтед од Ајакс, за првиот тим дебитираше уште во февруари 2016. година кога едвај беше полнолетен, а досега собра 30 настапи за тимот на Солскјер.
Во последните пет години колку што поминаа откако дебитираше за првиот тим, беше позајмуван на Кристал Палас и Фулам.