Левски го сака Дориан Бабунски во своите редови

Од почетокот на сезоната македонскиот напаѓач Дориан Бабунски игра одлично во Ботев Враца, со добрите настапи тој го привлече вниманието на себе.
Медиумите во Бугарија пренесуваат дека Бабунски е на мета на Левски кој наводно ќе се обиде да го доведе во јануарскиот преоден рок. Сепак, во Ботев немаат намера лесно да се откажат од македонскиот напаѓач и ќе бараат оштета од 100.000 евра.
Ќе потсетиме, Бабунски доби повик и од селекторот Благоја Милевски за последните два натпревари во кои забележавме победи со Ерменија и Исланд. Бабунски беше дополнително повикан откако се повреди Адис Јаховиќ.