Легендарниот Борис Бекер осуден на две и пол години затвор

Легендата на светскиот тенис Борис Бекер е осуден на две ипол години затворска казна, пренесува „Би-Би-Си“.

Причината поради која легендарниот германски тенисер мора да одлежи затворска казна е обидот за сокривање пари и други скапоцености во вредност од дури од два ипол милиони фунти во стечајната постапка.

Откако Германецот во 2017 година прогласи банкрот судот отвори стечајна постапка. Во текот на истрагата се докажа дека 54-годишникот задржал средства со кои можел да ги подмири долговите. Бекер намерно префрлал големи износи на други сметки во јуни 2017 година.