Легендарниот Буфон во заштита на Донарума
Италијанската голманска легенда Џанлуиџи Буфон застана во одбрана на својот сонародник Донарума по елиминацијата на неговиот Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите од мадридски Реал. Буфон смета дека можело да биде досуден прекршок над Донарума после голот на Карим Бензема.
„Ваквите грешки му помагаат на секој фудбалер да расте. Тие се дел од развојниот процес и сигурен сум дека нема да имаат негативно влијание, бидејќи Донарума веќе ја докажа својата сила да ги преброди тешките моменти. Да бидам искрен, во Италија тоа би било фаул над голманот. Требаше спорната ситуација да се провери преку ВАР. Јас како голман би бил бесен при таква ситуација,“изјави Џиџи Буфон во интервју за „Кориере дело Спорт“.