Легендарниот Креспо е нов тренер на Ал Аин од ОАЕ

Поранешниот аргентински репрезентативец Ернан Креспо е нов тренер на екипата на Ал Аин од ОАЕ. Тој ќе го наследи Алфред Шредер, кој замина по само шест месеци работа.

Ал Аин ја објави веста на социјалните мрежи со видео на кое се прикажани снимки од кариерата на поранешниот напаѓач.

„Ернан Креспо е меѓународна ѕвезда, голем лик и одличен тренер. Неговата репутација и амбиции ги задоволуваат барањата на лидер во фудбалска Азија“, напишаа од клубот.

Креспо до октомври беше тренер на катарскиот шампион Ал-Духаил, кој го ослободи по серијата лоши резултати.